Блог

МОДНИ ТРЕНДОВИ ВО МАЛА БАЊА ... 01.2023

 
Доколку има помалку простор во бањата отколку што би сакале, тогаш вреди да се фокусираме на функционалноста, намештајот, галантеријата како и на целиот стајлинг. Во ваков случај вистинскиот аранжман се одликува со максимално искористување на расположливиот простор додека истовремено се применува соодветен дизајнерски стил. Со мал пристап до сончева светлина, боите на различни нијанси на беж придонесуваат за осветлување на ентериерот. Горниот дел од ѕидовите е обоен во светло беж боја. Подот и долниот дел од ѕидот се покриени со квадратни плочки во шарата на Терацо.

Стилски насаден мијалник со заоблена форма е поставен на минималистички кабинет ( шкафче ) за бања во боја на праска што ги одразува најновите трендови. За мијалникот е одбрана чешма од серијата Stratos Black на фирмата Ferro од Полска, а истата е совршено усогласена со овој сет.
Изборот на црна чешма со овој облик поставена во вакво светло опкружување, зоната на мијалникот ја прави дизајнерска оаза.
Просторот за туширање е одделен со проѕирно стакло поставено во црна рамка. Ѕидовите се украсени со тесни, правоаголни плочки во две бои: праска и бела. Вниманието го привлекува елегантниот водопад за туширање во црна боја од моделот Trevi Black на фирмата Ferro од Полска. Водопадот се состои од голема ружа, стилска слушалка со лизгач и термостатска чешма. Комплетот е функционално дополнување на овој модерен ентериер.